Tags: , , , , , ,
Лимузински дуел: Путин vs Трамп (видео)

Во што се возат претседателите на најмоќните држави во светот?

» Русија и Америка отсекогаш биле ривали на сите полиња, па дури и со претседателските лимузини. Да погледнеме во што се возат Владимир Путин и сега веќе стариот престедател на САД Доналд Трамп.

Aurus Senat е претставен на инаугурацијата на четвртиот мандат на Путин во 2018 година. Долг е 6,6 метри, а тежи 6,5 тони.

Развиен е со техничка помош на Porsche и Bosch и поседува 4,4 литарски V8 мотор во 600 KS.

Поставен е на модуларна платформа која производителот ја користи и за други модели, а во целиот проект руската администрација иницијално вложи 192 милиони долари.

Освен што е дебело блиндирана, од безбедносните аспекти се споменува дека лимузината на Путин може да издржи прилично долго време под вода.

Американската претседателска лимузина се појави во јавност неколку месеци после руската. Личи на продолжена верзија на Cadillac CT6, а е поставена на шасија од камион.

Развиена е под надзор на тајната служба, заради што и техничките податоци се тајна – за неа се дозна само дека тежи меѓу 7 и 9 тони.

Се зборува дека надворешните делови од каросеријата се дебели 20, а стаклата 13 сантиметри.

Покрај масивната заштита од терористички напади, во неа се чуваат и резерви од крв за претседателот Трамп наменети за итни случаи.

Се дозна и цената – американската администрација од General Motors има нарачано 12 вакви лимузини за вкупно 15,8 милиони долари.

коментари:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *