Tags:
Кризата со автомобилски чипови ќе потрае

Барем уште некоја година

» Конечно некој да објасни зошто е оваа криза со чиповите во автомобилската индустрија. Тоа го сторија аналитичарите на германската консултантска куќа Roland Berger кои се убедени дека таа ќе потрае барем уште некоја година. Имено, причината не е короната – таа беше само прекинувач за промена на балансот меѓу побарувачката и капацитетите. Вистинската причина е откажувањето на нарачките од страна на автомобилските компании на почетокот на пандемијата што електронските гиганти ја искористија за надградба на технологиите за производство на чиповите,  така што сега повеќе се произведуваат чипови со помодерна и покомплексна архитектура. Затоа и тие не можат да одговорат на барањата на автомобилската индустрија на која ѝ требаат поедноставните чипови од постарите генерации. Според Roland Berger 95% од чиповите кои ги користи автомобилската индустрија се со старите технологии од 1990-тите и 2000-тите години, а само 5% се помодерни. Такви користи Tesla, затоа и нема такви проблеми како другите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *