Како се користи клима уредот на високи температури
» Истражувањата покажуваат дека возењето автомобил загреан на 35 степени целзиусови делува како во крвта да имате 0,5 промили алкохол, а постојат и низа други нус-појави. Установено е на пример дека температурата намалена за 10° C може да влијае на брзината на реакцијата на возачот и до 20 отсто. Затоа е важно како најдобро да го разладите возилото после долго стоење на сонце во кое температурите можат да се искачат до нестварни 60° C, нешто што скоро сите ние го правиме погрешно.
Најчеста грешка што ја правиме е насочувањето на крилцата на отворите за воздух кои треба да бидат према горе, значи према покривот на возилото а не према патниците. Исто така често, да не кажеме секогаш, кога ќе влеземе во возилото веднаш го вклучуваме клима уредот на максимум, што е логично но погрешно бидејќи тоа само ќе го рециркулира врелиот воздух. Затоа прво треба на минута или две да ги отвориме вратите или барем спуштиме стаклата а потоа да го вклучиме и прилагодиме клима уредот, кој најдобро е да го поставиме во автоматски режим и евентуално ако имате навика копчето за рециркулација постојано да е вклучено, да го исклучите. Ако почувствувате дека ладењето е преинтензивно, тогаш насочете го дувањето на воздухот само према стаклата и нозете. Лоша навика што ја имаме е и занемарувањето на сервисирањето на клима уредот. Како и скоро сé друго во автомобилите, системот за климатизација си бара редовно одржување – ако не го замените филтерот во кабината на секои 15-20.000 km, се намалува ефикасноста на клима уредот, а често се појавуваат и непријатни мириси.
Поновите автомобили имаат современи клима уреди кои се проектирани да работат постојано. Кај постарите, пак, најдобро е да се исклучат пар минути пред да застанете со возилото и да го изгасете моторот. Што се однесува до потрошувачката, при интензивна работа на клима уредот сметајте дека ќе порасне за 0,5 до 0,7, а кај поголемите возила и до цел литар гориво на 100 километри.