Уште да можеше да лета…
» Иако NASA е ориентирана кон вселената, тоа не претставува никаква пречка дизајнерите да понудат визии за тоа како би требало да изгледа превозот на астронаутите на планетава, до лансирната рампа на вселенските летала. Во времето на интензивните вселенски истражувања ваквите возила беа сериозна тема на разгледувања и очекувањата беа тие да бидат налик на вселенските бродови, што беше само делумно исполнето. Таа идеја ја следеше независниот дизајнер Александер Имнадзе Балдини, чија студија можете да ја разгледате во фото-галеријата.