Како ништо друго досега
» Мини-мото машините се покажале како забавни и исклучително популарни за возење, но BMW со својот CE 02 концепт им дава една друга намена, интерпретирајќи ги како паметно решение за урбана мобилност фокусирано на младите. Плус на тоа и електрично, со максимална брзина од 90 km/h и автономија од 90 km. За повеќе стил и забава во возење ќе се погрижат 15-те коњски сили и 15-инчните тркала, а за поголема практичност седиштето кое дозволува повеќе возачки позиции за едно или две лица и малиот багажен простор пред него. Мислено е и на дизајнот како важен атрибут во овој сегмент, кој на новите пропорции им дава модерна форма.
Сé на сé, иновативноста дополнета со едноставност и емоционална компонента обезбедуваат уживање во возењето, кое ветува дека еден ваков сериски мотоцикл би бил привлечен и за повозрасните купувачи. Погледнете ги видеата и кажете дали сме во право.