Нов стајлинг и без дизел мотори
» Оваа година од Škoda ќе ни стигне нова Fabia. Возилото во целост е готово, за што сведочат и фотографиите на немаскираните прототипи кои ги поминуваат последните тест-километри на јавните патишта. На нив однапред се гледаат јасно дефинираните семејни дизајнерски детали, а и задниот дел кај светлата ќе биде изведен по углед на другите модели. Во понуда и понатаму ќе биде како хечбек со пет врати и караван, кој на пазарот ќе се појави при крајот на идната 2022 година. За прв пат ќе биде поставена на MQB A0 платформата, а за моторите засега не се знае многу. Сепак извесно е дека ќе нема дизели и дека еден од нив сигурно ќе биде благиот 1.0 TSi e-Tec хибрид со 110 KS од Octavia. Основниот агрегат би можел да биде еднолитарскиот со 80 KS од Polo, а меѓу нив одлично ќе се вклопи и оној со 95 KS. Посилни верзии не треба да се очекуваат, ама ако има тука е 1.5 TSi агрегатот со 150 KS. Можно е новата Fabia да добие и верзија со погон на природен гас.