Цените на горивата се вратија на ниво пред кризата
» Со денешното поевтинување што го направи регулаторната комисија за енергетика, цените на горивата се вратија на ниво како пред кризата – бензините дури се и поевтини за малку и нивната цена од ноќеска среде ноќ ќе изнесува 79,50 денари за литар еуросупер БС-95 односно 81,50 денари за еуросупер БС-98, додека дизелот се спушти на 76 денари за литар. Да потсетиме, иако сите сакаме да го заборавиме, пред една недела бензинот од 95 октани се продаваше за 93 а дизелот за 97 денари.