Требаше да започне да се произведува уште истата година,но сé уште не е
» На денешен ден 2017 година на CES Лас Вегас беше претставен електричниот Faraday Future FF 91. Компанијата поддржана од кинескиот милијардер Џиа Јуетинг требаше со негово производство да започне истата година. Започнаа да се примаат резервации, а првите испораки беа предвидени за 2018-тата година. Во овој момент неговото производство сé уште не е започнато – компанијата оптимистички се надева дека тоа ќе стартува во март годинава.