Еден од најистакнатите француски каросеристи
» На денешен ден 1886 година се роди Анри Шапрон, еден од најистакнатите француски каросеристи. Преработките на овој автомобилски велемајстор ги користеа претседатели, кралеви и други славни личности. Се специјализираше за доработка на луксузни возила, а најпознати му се кабриолетите и купеата на Citroen DS. Почина во 1978 година, а неговата работилница која беше отворена 1919-тата, згасна седум години по неговата смрт.