На три тркала „извози“ 65 години
» На денешен ден 1935 година Reliant го испорача своето прво возило. Тоа настана откако матичната компанија на Том Вилијамс и Еди Томпсон го прекина производството на своите модели со три тркала, а тие двајцата сметаа дека ваквите возила имаат уште доста што да покажат. И навистина – овие уникатни возила со три тркала под амблемот на Reliant живееја уште 65 години, станувајќи еден вид британски национален симбол.