Најтешкиот рели настан во историјата
» Најавено една година претходно, на 26 декември 1978 година стартуваше првото рели Париз-Дакар. Колоната од 80 автомобили, 90 мотоцикли и 12 камиони беше испратена од плоштадот Трокадеро на патот долг десет илјади километри низ непознатите и опасни африкански предели кон својата дестинација каде на 14 јануари ’79-тата пристигнаа само 74 екипажи. Најбрз од нив и прв победник на најтешкиот рели настан во историјата беше Сирил Неве на Yamaha – тогаш сите возила беа класификувани заедно. Следеа уште двајца мотоциклисти, а најбрз со автомобил беше четвртопласираниот екипаж на Ален Женестје со Range Rover, зад кој – верувале или не – заврши Клод Маро со Renault 4.
Ова рели во својата историја има однесено 76 животи, од кои 31 натпреварувач.