Камен-темелникот на династијата Hyundai
» На денешен ден 1947 година Чунг Ју Јунг ја основаше компанијата Hyundai Togun, подоцна преименувана во Hyundai Construction, од која после израсна групата Hyundai. Не е случајно што втора компанија основана од него, иако цели дваесет години подоцна, е Hyundai Motor – пред основањето на иницијалната компанија од групата, тој водеше работилница за поправка на автомобили која јапонските окупациски власти му ја затворија.