Преломен момент на најстариот корејски производител
» Азиската финансиска криза во 1997 година насилно го прекина тукушто започнатиот успешен поход на Kia на меѓународните пазари – најстариот корејски производител на автомобили кој беше седма по големина корпорација во земјата банкротираше со загуба од скоро 10 милијарди долари. За да се спаси што може да се спаси владата се ангажираше да најде нов партнер формално на денешен ден 1998 година повикувајќи ги заинтересираните компании да ги достават своите понуди. Тоа го сторија Hyundai, Daewoo, Samsung и Ford како дотогашен партнер и делумен сопственик на Kia. Највисоката понуда ја имаше Hyundai, кој набргу ја презеде компанијата и целосно ја интегрираше во својата структура.