Навистина последниот вистински Citroen
» На денешен ден 1989 година Citroen го лансираше XM. Иако претставен многу после преземањето на компанијата од страна на Peugeot и базиран на 605, за овој автомобил слободно можеме да кажеме дека навистина е последниот вистински Citroen. Невообичаениот футуристички дизајн дело на Bertone е дополнет со уникатниот хидроактивен систем за ослонување чија електроника со помош на пет параметри (управувач, педала за гас, сопирачка, брзина и наклонување на каросеријата) го надгледува однесувањето на ослонувањето, а возачот можеше да бира меѓу неколку поставки, од крајно удобно до спортски круто. Citroen XM се закити со титулата европски автомобил на 1990 година, а во тек на својата 11-годишна кариера беше произведен во 333.405 примероци.