Мистериозно згаснат спортски автомобил
» Како најмал од американските производители на возила, American Motors сакаше да го зголеми своето влијание на пазарот и да ги намали големите загуби што ги трпеше заради гамата за која немаше пазарна побарувачка бидејќи се сметаше за застарена. Заради тоа беше одлучено да се направи спортски модел со кој марката ќе ги привлече помладите купувачи со цел да го подобри својот имиџ. Првите обиди со моделот Javelin и од него изведениот AMX не беа успешни, заради што се премина на порадикално решение со спортски автомобил со централно поставен мотор. Првиот концепт покажан во 1968 година под ознаката AMX/2 имаше големи стилско влијание од моделите на De Tomaso, беше добра стартна основа за тоа и од него беше развиен моделот AMX/3, наменет за сериско производство. Моторот беше американски, менувачот италијански, во развојот учествуваа повеќе италијански компании меѓу кои Bizzarrini и Italdesign, тестирањата ги направи BMW, а требаше да го произведува германскиот Karmann.
Возилото беше претставено на денешен ден 1970 година во Рим, а во Америка своето деби го имаше на салонот на автомобилите во Њујорк наредниот месец. Но, од причини кои никогаш не ги објасни, веднаш потоа AMC изненадувачки го прекина проектот. Беа направени пет прототипи и претпроизводствени примероци, а од преостанатите делови подоцна беше склопен уште еден.