Препород на романската марка
» На денешен ден 2004 година Renault го претстави Logan, првиот модел на Dacia откако марката премина под негова контрола. Произлезе после четири години развој од проектот на поранешниот директор на француската компанија Луис Швајцер кој истраја во убедувањата дека луѓето од ценовно чувствителните пазари попрво ќе купат нов евтин автомобил од источно производство отколку половен западен, иако сите стручњаци околу него и сите анализи на пазарот го кажуваа спротивното. Не треба да споменуваме колку беше во право.