Прерано започната револуција
» На денешен ден 1947 година се одржа премиерата на еден од најнапредните автомобили во американската историја, Tucker 48. На неа се појавија огромен број луѓе нетрпеливи да го видат во живо желно очекуваниот автомобил. Но прототипот кој беше наречен Torpedo всушност беше скрпен од набрзина собрани делови, најмногу од отпад. Затоа и премиерата која доцнеше два часа беше на работ на катастрофа – автомобилот не можеше да запали и цело време на сцената бучно работеше заради што оркестарот мораше да свири прегласно. Менувачот не можеше да уфрли во од наназад, а од моторот кој во еден момент и прегреа, течеше масло. Возилото беше толку тешко што ослонувањето се скрши, заради што мораше да се вметнат дрвени гредички за да не се забележи. Но и покрај сé, овој технички и безбедносно напреден автомобил со многу иновативни решенија беше сензација која ги предизвика челниците на големата детроитска тројка да реагираат местејќи го сопственикот на компанијата Престон Такер за измама. Целата работа заврши на суд каде тој беше ослободен од сите обвиненија, но компанијата после само 51 произведен автомобил пропадна.