Tags:
Денешниот ден во ретровизор <br/>17 декември 2012 година

Maybach згасна, по втор пат

» Десет години по реинкарнирањето на Maybach, на 17 декември 2012-тата Daimler повторно ја згасна легендарната германска марка. Главната причина за тоа беа лошите проценки за настап на пазарот – со својот модерен изглед, технички напредната лимузина која се нудеше во две верзии не се вклопуваше во вкусот на традиционалните купувачи на луксузните возила. Цената беше превисока, а голем удар зададе и појавувањето на новиот Rolls-Royce Phantom. Плановите беа годишно да се продаваат по две илјади примероци, но за десет години вкупно беа продадени само околу три илјади. Развојот на втората генерација беше откажан, за после две години Maybach да стане субмарка на Mercedes. Се проценува дека со овој пропаднат проект Daimler загуби милијарда евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *