Најлошиот британски автомобил
» На денешен ден 1973 година беше претставен Austin Allegro. Лансиран како наследник на популарниот 1100/1300 кој во забележлив број се среќаваше и на нашите патишта, овој модел беше клучен за иднината на British Leyland која заради неговите недостатоци за малку ќе тргнеше по погрешна насока. Аеродинамиката му беше подобра ако возеше наназад, воланот му беше четвртаст, имаше проблеми со ‘рѓата но сепак добро се продаваше. Не така како својот претходник, но доволно да го истурка практично целиот свој животен век меѓу најпродаваните автомобили. Но истовремено беше прогласен и за најлошиот британски автомобил некогаш направен.