Несреќен алуминиумски револуционер
» На денешен ден 1999 година Audi започна да го произведува А2, првиот и последен модел од Б-сегментот со алуминиумска каросерија. Револуционерен, ја изненади стручната јавност со брзината со која се трансформираше од концепт претставен две години пред тоа во сериски автомобил. Но на овој интересен и простран премиум модел успехот му го лимитираа безличниот дизајн и лутата цена, па згасна во 2005 година без наследник. Беа произведени само 176.377 примероци.