Почеток на една нова ера
» После четири години развој и две откако беше претставен првиот концепт, започна продажбата на Toyota Prius, првиот масовно произведуван хибриден автомобил во светот. Имаше 1,5 литарски бензински мотор со 58 KS и електромотор со 40 KS. Конструкцијата на хибридната погонска група беше избрана меѓу стотина различни предлози. Неговото производство ја чинеше Toyota околу 32.000 долари по примерок, а се продаваше по цена од 16.929 долари. Извозната верзија беше претставена во 2000-тата и имаше 70 бензински и 44 електрични коњски сили. До 2003 година вкупно беа произведени околу 123 илјади примероци од првата генерација на Prius.