Прва, неофицијална фотографија
» Новиот BMW серија 2 Coupe кој ќе ја има интерната ознака G42 својата премиера ќе ја доживее во четврток, 8 јули, на Goodwood фестивалот на брзината, но една фотографија изгледа предвреме си го најде патот до јавноста. И новата генерација на овој модел ќе има погон на задните или кај некои верзии на сите четири тркала. Меѓуоскиното растојание е продолжено за 51 mm, а трагите на тркалата се пошироки – напред за 52 а назад за 312 mm. Каросеријата ќе има за 12% поголема торзиона цврстина, распоредот на тежината е близу 50:50, а ќе биде опремен и со електронски контролирани адаптивни амортизери и заден диференцијал. За сега се потврдени верзиите 230i со дволитарски четирицилиндричен мотор со 245 КS и M240i xDrive со три литра, шест цилиндри и 374 KS, a при крајот на идната 2022 година се очекува и M2 Coupe со околу 410 KS.
Бидејќи најголем пазар за купе верзијата на серијата 2 на BMW е САД, место во Лајпцих ќе се произведува во Мексико.