Им подариле на вработените 4.116 автомобили
» Бидејќи петта година по ред со резултатите од работењето ги надминува поставените цели, управата на кинеската железарница Jiangxi West Dajiu Iron & Steel Corporation решила на сите свои вработени да им подари нов автомобил и да им ги плати регистрацијата, осигурувањето и другите давачки во наредните пет години. За таа цел набавени се 2.933 возила Ford Territory и 1.183 Volkswagen Magotan, или вкупно 4.116 автомобили во вредност од 500 милиони јуани – 74 милиони долари. Доказ дека веста од Кина е вистинита е приложеното видео.
Претходните две години компанијата ги награди своите вработени со бонуси од по 7.400 односно 4.400 долари секој.
коментари: