Сензационален потфат на екипата од Русија
» Fiat Uno е честа појава на патиштата низ Европа, но ваков уште нема. Екипата од рускиот Garage 54 одлучи да се зафати за интересен потфат, експеримент со кој безмалку култниот италијански модел ќе го претвори во нешто што историјата ќе го памети. Откачената идеја подразбираше драматична промена на механиката кај која бројот на тркала ќе се зголеми на осум. Погонот и понатаму е само на предните, но тоа со оглед на резултатот не е ни битно, нели?!