Tags: , ,
Во Москва се појавија роботи поштари (видео)

И да врне, и да вее…

» Кучињата во Москва повеќе нема да можат да ги касаат поштарите – руската пошта започнува со испорака на пратки со роботи поштари. Автоматизација на доставата на почетокот ќе биде извршена во четири поштенски филијали, а потоа ќе се прошири на уште 23. Технологијата ја обезбеди компанијата Yandex која започна со нејзино тестирање пред две години. Роботот со шест тркала може да се движи со брзина до пет километри на час, зиме и лете, по секакви временски услови. Според поштата на Русија која во првата фаза ќе користи 36 роботи, клиентите ќе можат да нарачаат достава на пратките со помош на апликација, по симболична цена од 1 рубља (0,75 денари). Кога роботот ќе ја донесе пратката до влезната врата, на телефонот на клиентот ќе биде испратена порака со код за верификација за тој да може да ја презеде.

Со своите роботи Yandex веќе врши достава и во неколку универзитетски кампуси во САД.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *