Tags: , , , , , , , , , , , , , , , ,
„Веридбата“ на PSA и FCA закажана за 4 јануари

Подготовки за свадбата меѓу PSA и FCA

» Во очекување „матичарите“ од ЕУ да дадат дозвола за бракот меѓу PSA и FCA, двете страни се договорија на 4 јануари да направат веридба – токму за тој датум се закажани собранијата на акционерите на двете компании кои треба да се изјаснат за нивно спојување и креирање на Stellantis, четвртиот по големина светски производител на возила. Нивните раководства уште во декември лани се согласија и ги направија плановите според кои компанијата вредна 32 милиони евра ќе ги обединува Peugeot, Citroen, DS, Opel, Vauxhall, Fiat, Alfa Romeo, Lancia, Maserati, Abarth, Chrysler, Dodge, Jeep и Ram. Финализирањето на целата постапка се очекува при крајот на првиот квартал идната година.

коментари:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *