Пежо стана главен акционер во PSA
» Во пресрет на спојувањето со Fiat Chrysler чие одобрување од страна на акционерите на двете компании е закажано за 4 јануари, семејството Пежо го зголеми своето учество во PSA за 2 отсто. Така наследниците на основачот на компанијата Арман Пежо сега поседуваат 14,38% од акциите на групата која го носи нивното име, со што станаа и нејзин најголем акционер покрај Dongfeng Motor и француската држава кои имаат по 12,23%. Нивната холдинг компанијата за тоа плати 228 милиони евра. Заради историското наследство, Пежоовци поседуваат 19,36 отсто од гласачките права во компанијата.