Златни времиња
» Тоа е ознаката на најновиот продукт на американската компанија Nmoto специјализирана за кастомизација на мотоцикли, чии вешти дизајнери креираа вистинско уметничко дело на основа на стандардниот BMW C400X скутер. Како и повеќето останати скутери на пазарот тој не е претерано посебен, што беше предизвик на вештите раце на неговите креатори. Тие му ја заменија стандардна школка со ретро-инспирирано тело давајќи му изглед од некои други, поспокојни времиња, заради што го нарекоа Golden Age.
Тој со својот арт-деко дизајн со испапчени блатобрани кои ги покриваат и предното и задното тркало со леснотија го привлекува вниманието на сите. Тука се и големото округло светло, прилагодениот ветробран и наизглед удобното и широко кожено седиште. Функционалноста на серискиот C400X е задржана, вклучително и агрегатот од 35 KS, што значи дека и Golden Age има ниско тежиште што го прави лесно подвижен на градските улици. Финалниот модел треба да биде претставен напролет идната година, а купувачите ќе можат да бираат повеќе комбинации на бои.
коментари: