Tags:
Без зелен картон во и од Босна и Херцеговина

БиХ е чекор пред нас

» После повеќегодишни подготовки и работа на воспоставување и исполнување на критериумите и стандардите према европската заедница на осигурителни куќи, бирото за зелена карта од Босна и Херцеговина потпиша мултилатерален гарантен договор со кој земјата стана членка на таканаречениот потсистем на регистарски ознаки. Тоа значи дека на возилата од Босна и Херцеговина од денес повеќе не и треба зелен картон за патување во земјите-потписнички на овој договор – ЕУ, Швајцарија, Андора, Исланд, Норвешка и Србија. Истото важи и за возилата од овие земји при патување во Босна и Херцеговина.

БиХ долго не можеше да биде примена во потсистемот на регистарски ознаки бидејќи учеството на нерегистрирани возила на нејзините сообраќајници надминуваше пет отсто. Од официјално непознати причини Македонија не е потписник на овој договор и затоа нам сé уште ќе ни треба зелен картон за патување во странство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *