Сериозен проблем!
» Ако во садот за течност за ладење на моторот забележите мрсни дамки, тоа значи дека дошло до мешање на маслото и антифризот. Моторот најчесто и понатаму добро ќе влече, но при нагло додавање гас ќе исфрла малку црн дим. Причината е оштетување на заптивката или пукање на главата на моторот, најчесто заради прегревање заради неисправен термостат. Потребно е да се симне главата и да се види што точно е проблемот. Ако е заптивката таа се менува со задолжително рамнење на главата, а ако пак главата е напукната тогаш лекот е да се купи нова (или половна, неоштетена). Заварувањето најчесто не се исплаќа, посебно ако главата е алуминиумска.