Прво проверка на компресијата, па после сé друго
» Ако дизел моторот тешко стартува наутро при пониски температури и се пали сијаличката за грејачите, тогаш причината веројатно се токму тие. Но прво што треба да се направи, пред сé кај постар мотор со доста поминати километри, е да се провери компресијата. Имено, заради истрошеност доаѓа до пропуштање меѓу клипните прстени и цилиндрите, односно вентилите и гнездата, заради што не може да се постигне доволно голем притисок кој пак предизвикува зголемување на температурата на воздухот на доволно високо ниво за вбризганото гориво да може само да се запали. Проблемот може да биде последица и на зачаден EGR вентил како и на неисправен сензор за температура, регулатор на количината на гориво или мерач на протокот на воздух.