Мал проблем, сериозни причини
» Варирањето на брзината на вртење на дизел мотор во место често е последица на осцилациите на натпритисокот на турбо компресорот. Причината може да биде неисправната електроника за контрола на натпритисокот односно механиката за подесување на аголот на крилцата на статорот на турбината ако ги има. Во тој случај тие веројатно се блокирани во у положба за високи вртежи, заради што при работа на ниски паѓа силата. Во спротивно моторот добро би работел на ниски вртежи, а на високи би губел сила. Проблем може да биде и неисправниот мерач на протокот на воздух, но и истрошеноста на еден или два цилиндри и клипните прстени во нив заради што доаѓа до различно полнење на цилиндрите и нерамномерност на работата на моторот.