Tags: , ,
VW го укинува Passat и од Европа!

Ќе му кажеме ли збогум на Passat?!

» Електричните и SUV-моделите, но и Škoda Superb, ќе му пресудат на Passatинтерни извори од Volkswagen тврдат дека сериозно се разгледува планот за негово укинување во Европа, барем на лимузинската верзија. Караванот би останал, но прашање е колку долго и на кои пазари. Германскиот производител мора бргу да ја реши оваа дилема, бидејќи наследникот на овој модел е планиран за 2023 година. Плус на тоа, во тек е и преструктуирање на производството според кое тој требаше да доаѓа од Турција, но откако се изјаловија плановите за тоа, фабриката во Словачка е одредена како негово идно место на раѓање, додека капацитетите каде сега се произведува ќе бидат пренаменети за електричните возила.

Дека Passat е број 1 во Европа во својата класа знаеме сите, но не и дека на второто место е Superb. Според податоците, до октомври на Стариот Континент се продадени 88.478 примероци од Passat, а од сестринскиот Superb 47.889. Заради нивната блискост во бројките, со укинувањето на Passat се очекува да се намали внатрешната конкуренција меѓу брендовите на групата. Љубителите на седаните со знакот на VW сепак нема да мора да се селат во Чешка – германскиот производител ќе лансира електричниот модел со негова големина кој се развива под името Aero.

коментари:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *