Нема повеќе букви и бројки
» Одлучувајќи повеќе да не употребува алфанумерички ознаки за своите модели, Volvo ќе направи голем исчекор од трендовите но и сопствената историја, во која само еден автомобил, Duett од 1953 година, имаше име. Вториот таков модел, Amazon од 1956-тата, транзицијата кон трицифрениот систем означување го зафати пред да му започне сериското производство и се појави како серија 120. Сегашниот начин за означување на возила Швеѓаните го воведоа во 1995 година со S40 и V40 кои беа претставени како S4 и F4, на што се побуни Audi и тие беа реименувани. Првиот модел кој ќе има име место букви и бројки ќе биде наследникот на XC90 планиран за наредната 2022 година. На тој начин на купувачите ќе им се испрати јасна порака за новата електрична иднина на марката.