Нови 50 електрични и 30 хибридни модели до 2030-та
» Volkswagen сериозно ја сфати електрификацијата – покрај сегашните 20 кои веќе се во производство, до крајот на декадата ќе бидат воведени уште нови 50 електрични возила. За нивниот развој само за наредните пет години е планирано да се потрошат 35 милијарди евра. Дополнителни 11 милијарди ќе бидат одвоени за хибридизација на постоечките или нови модели, чиј број до 2030-тата треба да нарасне за уште триесеттина, отприлика колку што и сега се произведуваат. Дел од новите електрични модели веќе е познато кои ќе бидат. Комерцијалното одделение на марката во својот погон во Хановер ќе го произведува доставниот ID.Buzz, заедно со уште три SUV модели од другите брендови на групата. Во фабриката во Емден покрај ID.4 од 2023 година ќе се произведува и седанот Aero.
Севкупно VW очекува во овој период да произведе 26 милиони целосно електрични возила. Од нив 19 милиони ќе бидат базирани на постоечката MEB платформа, а останатите седум милиони на новата високоперформансна PPE платформа.