Засилен изглед, познати мотори
» Претставен 2017 година, Volkswagen T-Roc тивко влезе во тогаш новоформираната субкласа субкомпактни или какви и да се SUV модели и веднаш запоседна на нејзиниот врв пронаоѓајќи го својот пат до повеќе од милион купувачи ширум светот, најмногу – околу две третини – во Европа. За и понатаму да остане интересен, Германците му подготвија пристојно освежување – тие велат дека T-Roc има добиено подобрувања на сите полиња, ама всушност сé се сведува на засилениот изглед и познатите мотори. Можеби повеќе и не треба, бидејќи VW ретко греши во проценките – инаку не би бил најголем производител на возила во светот. Но, без многу да филозофираме, погледнете ја фото-галеријата што ја подготви Volkswagen и проценете сами.