Удвојување на успехот
» Иако и втората генерација на Passat беше поставена на истата платформа како и Audi 80, таа сепак беше развивана како засебен модел. Беше претставена во 1981-вата и за прв пат, покрај комби-лимузинската и караванската, доби и седан верзија на почетокот лансирана под ознаката Santana. Беше популарна и во Европа, но вистинскиот успех го постигна на кинескиот пазар зацементирајќи му го првото место на Volkswagen. Passat B2 имаше и 4×4 погон, турбодизелски мотори и штедлива Formel E верзија. Како најуспешна генерација на Passat до 2013-та кога запре производството во Кина беа направени 5,5 милиони примероци.