Електричен купе-кросовер само за Европа
» Папараци-ловците на прототипи забележаа интересен автомобил кој личи како да доаѓа од Kia. Но маската што Volkswagen ја подготви се покажа недоволна во неговите линии да се препознае дека станува збор за купе изведба на ID.4, која би имала ознака ID.5. Потрагата по информации за него откри дека овој атрактивен автомобил конкурент на Tesla Model Y ќе се појави веќе идната година. Како и ID.3 и ID.4 ќе се произведува во погоните на VW во Цвикау и Емден, но за разлика од нив ексклузивно ќе биде наменет само за Европа. Тоа го потврди и шефот на е-мобилноста на Volkswagen, Томас Улбрих, дополнувајќи дека очекува веќе од 2023-тата да продаваат по милион електрични возила годишно.