Зелено е грозјето…
» Еколошките норми ги проретчија спортските компакти, а пак спортски каравани од оваа класа скоро и да нема. Но Volkswagen го има сето тоа, дури и во ултимативно R издание на Golf во обете каросериски изведби. Тоа кај караванот значи 611 литри багажник кој може да нарасне на 1.642 и влечење приколка од 1,9 тони. Срцето му е познатиот дволитарски TSi со 320 KS и 420 Nm, во комбинација со DSG менувач со седум степени и 4Motion погон на сите тркала. Опремен со опционалниот R Performance пакет кој вклучува и Drift режим на работа, постигнува 100 km/h за 4,9 секунди и оди сé до 270 km/h. Ќе звучеше идеално да не беше цената во Германија која стартува од 51.585 евра.