Успех за Toyota во Србија
» Асоцијацијата на автомобилски новинари на Србија ги додели признанијата во традиционалниот избор на автомобил на годината – титулата отиде кај Toyota за малиот Yaris Cross, а за електричен автомобил на годината е прогласен Volkswagen ID.4. Покрај тоа, доделено е признание и за ПР личност на година кое го доби нашиот поранешен колега Александар Андриќ, сега вработен во Toyota Србија.