Светски рекордер
» Приказната за големиот потенцијал што се крие во неа започна уште од моментот кога Toyota Supra беше испорачана на првите купувачи. Комбинацијата од германски мотор и јапонска механика ветува доста, но колку точно сé уште никој нема откриено. Еден од поекстремните е овој обид кој на Supra ѝ донесе дури 950 KS. Колку моќ има во неа нека посведочи ова видео во чиј наслов нејзините креатори тврдат дека имаат светски рекордер, иако не е јасно на што точно мислат.