Пет квартали по ред Tesla со добивка
» Ако до пред некое време слушавме дека Tesla работи со загуби, повеќе не е така – компанијата на Елон Маск веќе пет квартали по ред бележи добивка. Таа во периодот јули-септември порасна за повеќе од двојно – на 331 милион долари, по заслуга на зголемените испораки на возила. Од нив калифорнискиот производител на електрични возила оствари за 39 отсто повисоки приходи – вкупно 8,77 милијарди долари.
Според нивните податоци, Tesla во третиот квартал годинава испорача 139.593 возила, што е за 44 отсто повеќе отколку во истиот период минатата година. Со тоа тие се приближија до зацртаните половина милион возила годинава, иако признаваат дека тоа ќе оди потешко. Освен во производството, Tesla се среќава со проблеми и во логистиката и организираноста на испораките предизвикани токму од поголемата продукција на возила.