Мистичноста како дел од стратегијата
» На Tesla одлично ѝ оди. На сите континенти. Производствената гама постепено и постојано се збогатува, а паралелно со тоа се работи и на усовршување на моделите. Но целава успешна приказна како да не е заокружена. Пред три години беше најавен импресивниот спортски двосед Roadster кој требаше да ја потполни сликата. Но плановите за него како да запнаа некаде – прашањата на кои сé уште нема одговор се каде и кога ќе почне да се произведува. За тоа Елон Маск лично изјави дека во блиска иднина и за Tesla Roadster ќе има смисла да се произведува во Калифорнија. Но ако тој ни кажува каде, не кажува и кога, а мистичноста околу него ја зачини во продолжение на изјавата во која додаде: „Во наредните 6 до 12 месеци ќе имаме на располагање три нови фабрики“.
Сепак, со голема веројатност може да се претпостави дека Roadster ќе се произведува во матичната фабрика на Tesla во Фримонт, Калифорнија. Покрај веќе етаблираните Model S и Model X, таму во моментов се произведува и Model Y.