Меѓујапонска соработка
» Сакајќи да изгледа поголем отколку што е, Suzuki во своето портфолио започна да вклучува модели на Toyota. Така благодарение на соработката меѓу овие два поврзани јапонски производители, го гледаме SUV-моделот Across кој всушност претставува copy-paste на актуелниот RAV4. Изборот го ограничија на хибридна верзија која за погон користи четирицилиндричен бензинец од 2,5 литри кој ослободува 179 KS. Тој ги задвижува предните тркала, а интегралниот погон го обезбедуваат два електромотори поставени на задната оска. Разликите помеѓу двата братски модела се сведуваат само на благ редизајн на предниот дел и светлосната група на задниот дел. Останатото е безмалку идентично, што во суштина и не треба да звучи лошо.