Збогум FCA-PSA, добредојде Stellantis!
» Откако за спојувањето на PSA и FCA во Stellantis преку 99% од акционерите се изјаснија позитивно, новата компанија им се заблагодари на довербата со пораст на цената на акциите за 7,5 отсто уште на првиот ден на котирањето. Акциите на компанијата која започна да постои во сабота денес за прв пат се најдоа на берзите во Париз и Милано, а од утре и во Њујорк. Официјално, таа настана откако PSA му го отстапи целиот свој имот и операции на FCA, кој веднаш потоа се трансформираше во Stellantis. Тоа всушност значи дека го продолжува континуитетот на котирањето на акциите на FCA кои во петокот затворија со 12,57 евра, а веќе денес вредеа 13,52 евра.