Спортската и практичната верзија на бестселерот
» Новата Octavia може да се пофали со уште поголеми нивоа на безбедност, нови системи за асистенција, поголема удобност и врвни можности за конективност. Никогаш досега Škoda не вклучува толку варијанти на погонски систем како во моделите од најновата генерација на Octavia. Кристијан Струбе, член на одборот на Škoda за технички развој, изјави: „Octavia RS и Octavia Scout ја комплетираат најновата генерација на нашиот бестселер. Задоволен сум што го продолжуваме напредокот и развојот на овие модели во однос на спортски и активен начин на живот. Нашата понуда за Octavia е поразновидна, понапредна и поиновативна од било кога. Оваа икона е достапна како хечбек или комби, со погон на предните или сите тркала, напојуван од најсовремените мотори што работат на бензин, дизел или електрифициран mild hybrid. Ова е многу привлечна понуда за нашите клиенти која од самото лансирање се докажува со бројот на испорачани возила.”
Моделите RS и Scout веќе неколку генерации се на врвот на понудата на Octavia. Škoda Octavia RS сега е проследен со варијанти опремени или со најмоќниот дизел или бензинец од целата палета на модели. 2.0 TDi од новата генерација кој сега произведува 200 KS и доаѓа со погон на предните или на сите тркала. Новата варијанта на 2.0 TSi има моќност од 245 КС и погон на предните тркала. Octavia RS и Octavia Scout исто така ги добиваат сите погодности од новата генерација, како што се уште поголема внатрешност, поголема удобност, највисоки нивоа на активна и пасивна безбедност и врвно ниво на конективност. Освен Octavia Scout, сите варијанти се достапни како хечбек или комби. Octavia e-TEC е првиот и единствен модел на Škoda кој има блага хибридна технологија и користи 48 V литиум-јонска батерија. Моторите достапни за овој модел нудат 110 и 150 KS, соодветно.
Со коефициент на воздушен отпор од 0,25, Octavia RS е исклучително аеродинамичен, што резултира со помали емисии на CO₂ и потрошувачка на гориво. Многу од неговите делови на телото се аеродинамички оптимизирани, вклучително и воздушните завеси во предниот браник, дифузорот на задниот дел и RS задниот спојлер. Неговите лесни алуминиумски тркала придонесуваат дополнително за аеродинамичните својства на оваа верзија со високи перформанси.