Tags: , ,
Škoda Garde (1981-1984) – фото галерија

Неуспешниот наследник на 110 R

» Спортските купеа со две врати имаат долга традиција во Škoda. Од нив, без дискусија, најверен клуб обожаватели има легендарната икона 110 R од 1970-тите, чиј наследник не ја достигна популарноста на својот претходник. Новиот модел направен на основа на 105/120 беше претставен на меѓународниот инженерски саем во Брно во септември 1981 година. Предните светла со нагласени рабови и другите модерни карактеристики ветува значителен чекор напред, иако основниот концепт со мотор и погон назад остана непроменет. Сепак донесе низа технички усовршувања, а попрецизното управување и подобрата геометрија на задните тркала овозможија подобра стабилност. Автомобилот во Чехословачка го доби името Garde, ама во странство главно се пласираше како 120 R Coupe. Некаде се извезуваше како Rapid, ознака која после тоа заживеа кај неговиот наследник.

Škoda Garde не беше само визуелно елегантен автомобил, туку можеше да се пофали со неколку иновации, барем за тогашниот чехословачки пазар. Долго 4.175 mm, широк 1.610 и висок 1.380 mm, ова купе тежеше само 915 kg. Четирицилиндричниот мотор од 1.174 cm³ кој работеше на бензин од 96 октани испорачуваше 58 KS. Од место до 100 km/h забрзуваше за 18 секунди и достигнуваше 150 km/h. Сериското производство му започна на почетокот на октомври 1981 година во Квасини, но набргу беше префрлено во погоните на братиславскиот автомобилски завод BAZ. Оваа компанија основана на почетокот на седумдесеттите години со цел да се унапреди домашната автомобилска индустрија во Чехословачка, цела деценија се обидуваше да најде модел што ќе го произведува во своите погони. Но безуспешно – преговорите со Alfa Romeo пропаднаа затоа што Škoda покажа интерес, ама беа направени само неколку прототипи. Нештата се сменија со појавувањето на Garde, но само малку на подобро – производството му се одвиваше со динамика од едвај еден ипол автомобил дневно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *