За жал, на лош начин
» Во неможност да ги спојат практичните вредности што ги прокламира марката со високите перформанси, познавачите се чудеа со кој тоа инает Škoda ги негуваше RS верзиите на своите модели. Но очигледно тие времиња заминуваат во историјата, барем кога се работи за Fabia – во иднина најспортска нејзина верзија ќе биде онаа што ја носи ознаката Monte Carlo. А тоа и не е баш она што треба да биде, бидејќи ќе може да се добие и со трицилиндричен еднолитарски нетурбо мотор со анемични 80 коњи. Дури ни најсилната изведба со 150 коњи е далеку од на пример GTi верзијата на Polo која располага со 207 коњски сили, така што нам ни останува само да ги изгледаме видеата што ни ги сервираа Чесите и да ѝ посакаме успешен пазарен поход.