Tags: , , ,
Škoda 935 Dynamic (видео, фото-галерија)

Елегантен, брз и единствен

» Чудниот прототип предизвика сензација на својата премиера 1935 година – неговите естетски, аеродинамично оптимизирани контури и необичните технички карактеристики го привлекоа вниманието на јавноста. Едноставно, автомобилот оставаше футуристички, елегантен, брз и единствен впечаток. Дизајнерите и инженерите на Škoda во 935 Dynamic искомбинираа технички напредни и неконвенционални решенија. Благодарејќи на својата софистицирана аеродинамика имаше исклучително низок коефициент на отпор на воздухот од 0,37. Но остана само прототип – стручноста која инженерите ја стекна на ова поле на науката кое како тренд во тоа време започнуваше постепено да влијае на дизајнот на автомобилите беше применета кај сериските модели што следеа – Popular Monte Carlo од 1936-тата и Rapid OHV од 1938-мата.

Освен аеродинамиката, постои уште една причина заради која Škoda 935 Dynamic беше врв на технологијата во тоа време – водено ладениот четирицилиндричен мотор со зафатнина од два литра имаше боксер конфигурација и беше монтиран пред задната оска. Со тоа, заедно со сместувањето на резервоарот за гориво на средина и на ладилникот напред, инженерите го подобрија тежинскиот баланс на возилото што позитивно влијаеше на возните својства. Со своите 55 KS лимузината со независно ослонување долга 4.860 mm со меѓуоскино растојание од 3.200 mm постигнуваше брзина од 130 km/h. Уште една иновативна карактеристика беше четиристепениот менувач од француско потекло кој со своите електромагнетни спојки овозможуваше полуавтоматска промена на степените на пренос.

Сето тоа ги предизвика ентузијастите од Škoda знаењето стечено со развојот на моделот да го искористат за спортски успеси. Во 1936-тата се започна со проектирање на рели верзија со две седишта која никогаш не стигна до стартната линија. Развојот беше запрен 1939-тата а возилото преместено на простор каде се чуваа користени автомобили од каде му се губи секоја трага. Слична но помалку несреќна судбина имаше и единствениот направен примерок од 935 Dynamic, кој истата година беше продаден на приватен купувач, за во 1960-тите кога марката од Млада Болеслава започна да ја собира својата колекција историски возила да биде откупен назад. Реставриран, сега во музејот на Škoda спаѓа меѓу најинтересните експонати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *