Tags: , ,
Škoda 120 Grand de Luxe Super (1976-1987) – фото галерија

Луксуз на социјалистички начин

» Во текот на својот животен век Škoda 120 интерно означена како модел Type 742 беше достапна во широк дијапазон верзии, меѓу кои и некои  интересни како што беа 120 LE (de Luxe Economique) со економичен пренос за возење на авто-патишта, 120 LS (de Luxe Super) со четири предни светла место вообичаените две и како врв на понудата 120 GLS односно Grand de Luxe Super. Историјата на оваа верзија започнува веднаш по лансирањето на моделот во 1976 година, кога беше направена тест серија од 40 примероци со намера да подобри изгледот. Затоа и покрај четирите светла имаше низа елементи од нерѓосувачки челик кои му даваа луксузна појава. Внатре беа вклучени поцврсти облоги на панелите на вратите, обложени краци на управувачот и што е интересно за тоа време, подесливи наслони за глава, а задното стакло беше загревано. Четирицилиндричниот мотор од 1.174 cm³ поставен назад испорачуваше 58 KS, а со помош на четиристепениот менувач можеше да постигне максимална брзина од 150 km/h. Но трошеше поквалитетен 96-октански бензин кој не можеше секаде да се најде. Сериското производство започна во август 1978 година, а повеќе од 70 отсто беше наменето за извоз.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *